Тоа не значи дека не го сакаше или дека не беше подготвена да го прифати животот токму онаков каков што и беше доделен - рече Даскалов и ме замоли да му налеам една чашка од ракијата што ја донел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Не знам што ти има кажувано, но јас мислам дека себеси се сметаше излажана од животот - рече тој - но сепак беше доволно силна и горделива за да не ги испраќа надвор од себеси поплаките за неговото грдо однесување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тогаш, таа година, пред да не соберат и не испратат надвор од дома, го дишевме истиот воздух со нашите партизани, се врткавме меѓу нив, ги допиравме нивните пушки и автомати и жалевме што не сме поголеми и ние да одиме в планина, в шума заедно со нив.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)