испружи (гл.) - рака (имн.)

Малку му требаше да ја испружи раката посегнувајки по куршумот ама стравот преовлада над љубопитноста па тој се созема и се скри што подлабоко во козјите килими...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
43. И ја испружив раката.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Го зема горниот и внимателно го разгледува. иставајќи го постепено колку што може да ја испружи раката. Тоа е цртежот со бронзениот бокал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Силен крик му ги распори сега градите на Јакима и тој ги испружи рацете, се подаде стреснато и растреперено напред, како да сакаше да задржи нешто и да врати од далечината.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стрепеше особено кога Бојан ќе испружеше рака нагоре, барајќи место каде да се фати, каде да ги закачи прстите, а такво место немаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Гулапчиња! - си рече Борко и ја испружи раката како да сака да ги фати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ако ја испружев раката во сонот да ги допрам – се будев, и го губев и сонот. Сонот за Луција. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По долго молчење испружи рака кон дворот и рече: - А од овој двор едни ме одведоа како дете и пред овој праг други ме пуштија како старец...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Една од основните карактеристики на лудите е тоа што со своите постапки, намери, искази, покажуваат дека водат бесмислено постоење, но не се свесни за тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И, на главата сте ја заборавиле оваа капа, која никако не му прилега на вашето одело, ниту пак на вашето дело,“ рече и ја симна капата со зелени туфнички од главата на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа ја испружи раката кон Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа е затоа што вашето сфаќање било погрешно,“ рече доктор Гете, и уште еднаш ја испружи раката пред девојката која брзо чекореше по просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја испружи раката и во дебелата дланка ги покажа полуџваканите розови и сини топчиња, слепени меѓусебе во грутка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не се сеќавам што сум можел да ѝ раскажам за себе, можеби сè освен играта, но тоа тогаш не е ништо, во еден момент се насмеавме, некој од нас прв се пошегува па потоа откривме дека ги сакаме истите цигари и Кетрин Денев, ми допушти да ја испратам до портата од нејзината куќа, пријателски ја испружи раката и се сложи да биде во истото кафуле во исто време следниот вторник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Илона остана во студиото на Ема до полноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа ги испружи рацете преку рамената на својата пријателка, ги сплете на грбот по кој се разлеваше нејзината долга брановита коса, силно ја притисна кон себе, потоа се оддалечи малку од неа, за да се погледнат очи в очи и, кога заеднички ја фатија нитката на длабоко вслушување во молкот, Илона тивко проговори: “Тоа е мојот единствен пат. Помогни ми. Те молам.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога одекна плускот на шамар, неколку од нив одеднаш станаа, возбудено погледнувајќи кон сепарето, но Тихомир ја испружи раката пред нив како рампа, давајќи знак за смирување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тате гледаше цела една минута кон Марс. Потоа наслепо ја испружи раката кон мене.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„НЕ!“ Сакаше да ја испружи раката; ја исправи и ги собори предметите што лежеа на масата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сите застанаа. Девојчето... застана на лединката... ја испружи раката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја испружи раката кон неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Трчаа меѓу дрвјата, лизгајќи се и паѓајќи, се туркаа едно со друго, си играа криенка, но повеќето подмижуваа кон сонцето сѐ додека солзи не им потекуваа низ образите, ги испружаа рацете кон таа златна боја и неверојатното синило, вдишувајќи го свежиот воздух и без здив ја наслушнуваа тишината што се протегаше околу нив, како прекрасно море без звуци и движења.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Чекај“, вели, „почекај да проверам уште еднаш пред да тропнам и да истресам некоја нова глупост“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пристапувам до креветот, ја подавам раката за да ја погалам по главата, знам како треба да се однесуваме со вознемирена жена, посебно знам како треба да ѝ пристапувам нејзе, но таа ја крева дланката спроти мене, ја испружува раката и не дозволува да ѝ се приближам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека му говореше (а не пазеше на зборот) – за домот, за тагата, за Играта, за почетокот и крајот – стариот Мајстор ги испружи рацете кон Детето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
(Се тетерави низ собата со испружени раце. Удира по ѕидовите. Пауза. Мира го посматра.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Михајло ја испружува раката кон Султана. Стаписан.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Крстовица пред себе испружи раце, ги допре стапалата, а потоа земјата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По една лира за месец, бива? - праша дедо и испружи рака за потврда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа малку го освести. Испружи рака настрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На здравје... - попскиот син испружи рака, гледајќи го дедо в очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дедо испружи рака и покажа да седнам до него. Седнаа сите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дури сега забележа? Од кога го носам – одговори мајка ми, правејќи се невешта. – Сите ми го бендисуваат и на сите им кажувам дека ми е од тебе. – И ја испружи раката, погледнувајќи кон показалецот со восхит.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Доцна! – реков суво. – Многу доцна – и си влегов во дневната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)