испушти (гл.) - душа (имн.)

Некој си арамија од дружината на Катар Ќаа го раниле други арамии по Мегленијата долу, го забркале вариите и накачил горе во Папради, та тука, во Маклата, се напил студена вода од изворчето, испуштил душа и го оставил тагарџикот со парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Сиве се поткрена и се прочу, како по цело Мариово, така по битолско, леринско, прилепско, тиквешко, та дури и долу Меглениата, воденско, а лебами, и во Солун разбраа за него кога отера наеднаш триста дебели чукани јарци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една ноќ неможејќи повеке да ги издржи болките, плачејќи, испушти душа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се згрчи, смигна кутриот, и пред да испушти душа, се сети на птицата што исто така како него со години затворена во кафезот чекала и се надевала еден ден нејзиниот хранител да ја заборави вратничката од кафезот отворена и да избега на слобода.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И една вечер, кога во собата немаше никој, се спушти низ прозорецот држејќи се за заврзаните чаршафи од креветот и кога се најде на тротоарот крај болничкиот ѕид, помисли дека тука ќе испушти душа, но пак нешто го поткреваше и го тераше да продолжи, да бега.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како можеше најчесниот и најдобриот стопан на светот да испушти душа, за ништо, и можеби по грешка што е Турчин?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие се прпелкаат, а кокошките кракаат, испуштаат душа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Кој, дедо?“ „Ороспијата... Смртта...“ мрдна со усните и испушти душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сите беа собрани крај мртвото тело на мајка му од Трајана, која од преголема радост што го виде Трајана женет, ја испушти душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Растрчаа внучињата негови низ селото и викаа: „Умре дедо! Умре дедо!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Баба ти твоја, од жал за мајка ти, испуштила душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Богочовекот ја испуштил душата...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Гледајќи ги луѓето на кои им се приближуваше смртта, помислив дека во умирањето сите се различни и сите се слични: сите ја испуштаат душата издишувајќи, ама секој издишува на свој начин. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара ми рече: „Никогаш нема да го заборавам првото умирање што го видов овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кому му припаднало сето тоа, Господ знае: за тоа, морам да признам, не се ни заинтересирал човекот што ја раскажа оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“ Глас: Го изусти тоа Дариј, го фати Полистрат за рака и испушти душа.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Најпосле: Го видоа како лежи в кола целиот испрободен со стрели, само што не испуштил душа.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
И татко така, со отворени очи ја испушти душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе повика така, и така ќе ја испушти душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои уште се мачат да ја испуштат душата. 69
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека си го слушаа дишењето во креветот, се куражеа, се храбреа еден со друг да издржат, да не испуштат душа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)