испушти (гл.) - долг (прид.)

Милан се чувствуваше добро и беше свесен за тоа, пријатно свесен за тоа, сѐ додека мачорот не испушти долго и тажно мјаукање.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сети како тој ја зграпчува за рака: ’Ајде!’ Сите води на светот навалија на нејзиното срце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Усните ѝ затреперија и сал за краток миг се стопија и откако низ нос испушти долга, мачна и таговита издишка, таа тивко, одвај чујно, небаре се плашеше да не ја повреди тишината и молкот и никого да не растревожи, шепнешкум изусти:
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бродот испушти долг, тажен пискот во маглата; ако замине, утре ќе биде на море со Франк тргнати кон Буенос Аирес. Имаа резервирано билети.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Прекина и откако испушти долга воздишка, го отвори долапчето и од таму извади врзоп хартии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само Апостол Макаровски пуши, ја тркала цигарата меѓу прстите, испушта долги облачиња чад во лицето од Ристо Коларов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)