Некој шрапнел беше ѝ го истерал окото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднаш, една дијабола којзнае како залута во канцеларијата на секретаријатот и за малку на еден вработен ќе му го истераше окото.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тоа не му било простено од властите; во една студентска бркотница во 1939-та, се чу во Потковицата, џандари му го истерале окото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Набргу потоа, по гласот дека џандарите му го истерале окото, и тој пристигна во Потковицата (Тогаш, во 1939-та, во приквечерието на втората Голема војна, заедно со тодета во Потковицата се вратија и многумина други нашинци кои беа отидени таму некаде, низ светот) па луѓето можеа да се уверат дека вистина било тоа што се зборуваше за него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некои прачиња ќе ни ги истераат очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Додека сите заедно не ги отвориме очите, никој ништо нема да види и никому не ќе му се признае дека гледа. (Поаѓа кон Евто) А тие што ќе наѕираат во мракот ќе ги наречат слепци и ќе им ги истераат очите од глава.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Единствено што се надевам е дека нема да дојде денот кога луѓето ќе престанат да зборат и наместо говор ќе ги користат само рацете на тастатура кои ќе станат извежбани како на секретарката у суд, а пола Македонија да носи тегли наочари тројка од што ќе си ги истера очите пред своето Пи-Си.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)