Подига рака да истрие чело, да истера сон, а толку многу и се спие, толку тешки се клепките...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Омразата и бесот што му ја завладеаја душата, му го истераа сонот и ја преплавија неговата слика за родната земја со безнадеж беа неговиот најголем пораз.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)