Те пронајдов заборавено во каменот, во една густа корија што истекува во сртовите, во еден тивок збор што ќе ја зачне песната.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Се убедувам дека истекла во црвената боја на фломастерот.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Влегуваме обземени од фуснотите на животот истечен во молк во Пандорина кутија која конечно треба да проговори.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Во темнината телото тлее и очите, загледани во решетката, истекуваат во копнеж да го здогледаат нејзиниот лик.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се верува меѓу народот дека оваа вода влегувајќи во Охридското Езеро, не се меша со езерската туку се провлекува низ целото Езеро каква што е, а потоа истекува во реката Дрим кај Струга.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)