По некогаш, мислејќи на сета онаа крв, истечена по сите снегови назад, си велеше дека не би требало да биде изненаден ни ако го најде некаде папсан во длабочината од својата сопствена трага, оној огромен самјак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш се случи тој срамотилакот со сестра му на Еда, со Гала, зашто дома кај нив се смести еден германски офицер, еден убавец друг да го нема таков, очите на жените им истекоа по него и таа, Гала, се сплетка со него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)