Неговата широчина и моќта да се помирува со судбината му ги даваа последните сили да истрае во судирот со Мирон Донски, за да остане барем уште некое време со сиџилите, додека тоа му го овозможуваше здравјето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Овдешните племиња премногу долго мораа да истрајуваат во примитивните и скржави, вечно несигурни облици на живот, и тие во своето душевно јадро на отпор спрема поробувачите конечно си ја поробија сопствената душа.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Заедничката верба во еден братски Балкан, која за сите беше утопија, ги храбреше да истраат во насочување на нивниот идеализам за разбирање на homo balcanicus во сите времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во нив имаше безгранична надеж за да истраам во храмот заробен од луѓето кои не знаеја што чинат...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но се чини дека денес во светот генератори на новите жртви не се религијата и идеологиите, туку несогледливата и незапирлива консуматорска експанзија во развиените земји, како и национализмот, во напорите да се истрае во задоцнетото создавање на државата-нација, како што впрочем се случува на Балканот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Литературата ни нуди чудна, мистериозна утеха, понекогаш можеби опасна во своите предвидувања, но спасоносна и ослободувачка...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мојата функција како амбасадор во државата Палестина, ја немаше моќта и авторитетот од времето пред предавањето на копиите на акредитивните писма на самиот Фарук Кадуми и потоа самите писма на Јасер Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но остануваше нешто посилно, пријателската доверба, желбата да се истрае во праведната мисија на мирот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Подготовките во сиповската школа беа долготрајни, маратонски, мораше да се мине низ некаков дипломатски Рубикон за да се истрае во деликатните дипломатски мисии особено ако се работеше во соседна земја, во земја со светско значење или земја во значајна зона за тогашната југословенска политика, но и во економијата каква што беше зоната на Блискиот исток, Медитеранот и подалеку.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Истрајале во времето, востанијата и во војните, но...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Езерец истраја во сите палежи и опљачкувања што ги вршеле и Османлии, и качачки Арнаути, и островски арамии и италијански и германски солдати, но го опустоши граѓанската.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И сепак, ајде, к’истраеш во век, ќе бидеш пазач на ден и ноќ, стра и трепет ќе сееш со ред, заклучен вулкан со грозна моќ. ***
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Тука се раѓа чистиот архитектонски објект, оној кој го негира градот и неговата намена, го негира интересот на поединецот и заедницата, истрајува во сопственото лудило и на кој единствен парник му е гордоста на ренесансните градови.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Загрижено нѐ погали по косите, лицето му се отвори во насмевката со која нѐ храбреше кога требаше да истраеме во надежта.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко како да добиваше храброст да истрае во својот живот во егзил кога го слушаше Игора Лозински како му зборува за неговиот пат до Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога Татко ја откри претпоставената вистина за патот на јагулите и за нивното враќање низ новите генерации, тој добиваше дополнителни сили, од длабината на своето битие, да истрае во големата битка со егзилот, да издржи во минувањето низ сите негови пеколни кругови, во потрага на рајот на враќањето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се вратил со скршено срце, но со силна душа да истрае во родната земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така искапен, повторно се сети на песната, за тркалата и судбината и милоста божја, на патот таму горе сред небото, каде една ѕвезда меѓу милион други, неподвижни ѕвезди се осмелуваше да се движи и да истрае во движењето. Потоа престана со косењето на тревата. 28
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)