Со првиот удар на ѕвончето, Горда скокна и истрча кон вратата, прибирајќи си ја косата или смирувајќи си ги прстите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На неговите зборови трите од жените истрчаа кон еден ќош и ги зедоа обесените на ѕидот две дајриња, a харфата заѕвони ориенталска арија за игра. – Халиле, оро – извика кадијата и погледна во една од тие што стоеја околу постелата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога заврши часот одвај дочекав да излезе наставникот и истрчав кон дома.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се заблагодарив за сѐ и истрчав кон комбето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Според Симеонов (и Силјанов), Орце, откако го запалил долгиот фитил, избегал од бакалницата и истрчал кон вториот кат на Банката, каде што живееле директорот со своето семејство, за да го предупреди веднаш да ја напушти зградата, бидејќи таа по пет минути ќе биде дигната во воздух.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)