Доста сакаше да ги лупи тие компири што ги донесе во куферчето, но Митра сакаше да се покаже салам домаќинка, та истрча и од ќералот донесе полн леан компири: — Ти само барај, невесто Досто, јас ќе носа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Постоеше пак една далечина, стоеше неначната и една исплашеност во тие околчави итри очи, јаренцето дури и истрча и се затскри зад сандакот со храната, но тој и сега можеше да го гледа опавчето, што продолжуваше да поигрува одвреме навреме и таму.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И пак ја видов; доаѓаше со влажни стомни и чекореше премногу исправена за товарот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Старчето нешто раскажуваше пребројувајќи на прсти, Сандре Самарија со почит ја нишаше главата пред неговата мудрост, третиот, Арсо Арнаутче, со преголеми очи ја следеше девојката, а мене ме обземаше желба да истрчам и да го зграпчам, да му ја забуцам главата во потокот: разлади се малку, стрико Арсо, имаш син на мои години!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Високиот намршти веѓи. Му се обрати на шоферот: - Ја истрчај и пренеси им ја наредбата да престанат да пеат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Беше облечен војнички и ми рече бргу да му донесам од дома алишта. Истрчав и му донесов.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Петелот првин изгледа зачуден, но потоа како да сфаќа нешто, истрчува и почнува да бега по скалите.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сега нам ни беше редот: истрчавме и како сачми се растуривме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На прагот е, велам уште малку ќе истрча и ќе почне да плаче и да гуга.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)