Со појавата на дигиталната технологија часовниците од Далечниот исток го преплавија светскиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тимберланд е фирма која прва исфрли на пазарот висококвалитетни кожни мокасини со врвка провлечена околу ободот долж целите чевли.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ги носеле многумина, од дрводелците- авантуристи во канадските дивини, преку сафари фриковите во фазонот на мачо- мустаклијата од рекламата за Камел, до модерните припадници на џет-сетот кои во морски авантури тргнуваат со своите деветометарски јахти (можеби оттаму и другото име за овие мокасини - бродарици).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А долу тече Бистрица и мие, трие, глади, превртува и исфрла на брегот камчиња, а кога вода прибира сал малку повеќе, тогаш ги прибира во себе и одново ги прегрнува, ги мие, ги мазни и ги превртува, та превртува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Езерото, до крајност немо. Остарениот човек бревта како риба исфрлена на влажниот песок.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Снешкото на балконот почнува да го губи достоинството, па домаќинката решава да му ги скрати маките: со еден замав на метлата го обезглавува и го исфрла на улица како партал.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Синот на Тајко почувствува како е исфрлен на отворено, со лицето кон бура што удира во неговиот чун.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Беше сам и беше слаб, му идеше да вреска од тоа, застанат, како исфрлен на снегот; за него не сакаше да поведе сметка ни оној стар мршар, што почна полека да се довлечкува кон крвавата паласка под неговата стреа, како воопшто да не постоеше никој како него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговите информации ги исфрлиле на површината партизаните предводени од комунистите како единствени носители на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие информации резултирале со испраќање британска воена и материјална помош на единиците на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Неговата покорност, неговата понизност, пожртвуваност и дисциплина набргу го исфрлија на површина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И еве во конфликтот со историјата, животот го исфрли на брегот од оваа река, за да живее со луѓе кои ќе бидат жртви на новата „јаничарска идеја“ – идејата на комунизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И реката е несигурна пред неа -
ќе ја исфрли на површина, кога- и- да- е.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)