После можеше само уште да гледа по она црно клопче, што стануваше сѐ помало во одалечувањето, тоа просто како да се лизгаше по својата дира, сѐ додека не виде како еднаш исчезна меѓу стеблата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таму каде што претходно живеевме вриеше од оние плочести, темни, влакнести лебарки, молневито брзи, а сепак сосема добро видливи кога исплашени од кујнското светло исчезнуваат меѓу подните штици и низ пукнатините на подот; во оставата една речиси дури ја бев фатила со прсти пред да избега фрлајќи преку скробот сенка, слика на исплашеност во мојата рака.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Некои ненапишани песни
извесно време се по патничките торби
на пазар, за да се издвојат симболите од цените
меѓу нераскренатите здолништа
и мирисите кои исчезнуваат
меѓу каишите разлабавени како случајни желби
меѓу знаците за распознавање
заштитени со поединостите од сонот
според ноктите, грбот и забите
според нозете и легенот
го менуваат описот на младоста
и се подготвуваат еден ден
под којзнае кој агол
и облик
да се јават
:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Долго ливадите ја паметуваа нејзината прошетка по нив На прсти се поткреваа тревките за да го допрат нејзиниот фустан И жолти и бели и небесни гласови на цветови ѝ го довикуваа името И ја молеа да седне Но таа продолжи, исчезна меѓу брезите и ѕвездите...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)