- Ти кучко малечка, да молчиш, - ѝ свика брадјосаниот нејзе. – Кажи бре ти кој е најгазда од вашите татковци? – го праша тој Пецета, кој сѐ уште го држеше шишето в рака.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
— Кажи бре, ќерата, за кого носиш овие работи? — и пак погледна во растурените погачи, мазник, кокошки, тутун и локум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сулејман се приближи до Суља и плускајќи со рацете над него за да се исправи, го праша: – Ја кажи бре, правоверни сине, како стана таа работа?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Онака е слабичок... ама е здрав. Кажи бре, Анѓеле!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Оти, забрането е да јадат овчарите локум и мазник? — одговори Бојко и се витка од болките по ребрата, а најмногу првата што го удри на лошо место.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кажи бре, синко? —го праша Челебијата Толета и му нареди на Аќифа да се поистави, да не слуша што ќе зборува тој со Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)