каже (гл.) - барем (чест.)

И навистина никој не памети да го видел или чул Аргира, да пофали некого или да каже барем еден добар збор по свршената работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По пробивањето на фронтот и по растурањето на војските, тие што останаа живи се вратија дома; само Трајана Блосоениот го немаше никаде; одеше жена му Царјанка кај оние што се вратија живи, ги распрашуваше, ги молеше да ѝ кажат нешто за Трајана, да ѝ кажат барем гробот каде му е, коските да му ги пренесе; но никој ништо не знаеше да ѝ каже.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И на жена си, која го молеше да им каже барем на најблиските роднини, тој напорки ѝ рече: - Ајде, мори... Нема чергари да водам во Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Почна да ме малтретира за да го погледнам и да му кажам барем еден збор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)