кажува (гл.) - вистина (имн.)

Велеше: - Продолжиш ли да им ја кажуваш вистината на тие, кои малку се подруги од тебе, па нека се мали и понижени, онесреќени, ама малку подруги од тебе, па макар да ти се блиску по друштво и по мисла, доволно да си малку поумен од нив, тогаш биди сигурен дека тие истите ќе те замразат и толку долго ќе те кодошат, додека не те уништат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој беше осамен дух кој кажува вистина што никој никогаш нема да ја чуе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вешто едрење низ животот со насмевка која сѐ уште ми лебди на усните, полна со немир да го дознаам крајот на мојата приказна, но има уште многу што да се проживее пред да знам каков ќе биде крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но само така знаев дека тоа сум јас, јас која грешам и ги исправам грешките, јас која простувам, јас која сакам и се обидувам речиси секогаш да ја кажувам вистината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе оздравам. И сега се чувствувавм добро. Чесен збор. Ништо не ме боли.“ Таа ја кажуваше вистината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зошто да ми е срам? Срамота е да лажеш, а не да ја кажуваш вистината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во првата случка, како што е вообичаено да се вели, главната личност сум јас, Г.П. - возрасен човек што се труди секогаш да ја кажува вистината.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Мамо, пак се шегува со мене!“ цимоли Мими. „Не се шегува, туку ти ја кажува вистината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таква сум, неверничка, избрзувам со своите заклучоци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Тебе сешто ти се причинува“, реков јас а без да проверам и самата дали ја кажуваш вистината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)