„Од јазикот негов капеше крв. Ни на господа не можеше да му се помоли.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од тие нејзини зборови се плашев како од смрт, заради тие зборови си ја посакував смртта: посакував да умрам, и мама да жали над моето мртво тело, со својата тага да биде казнета за тоа што на почетокот од мојот живот беше болката, тогаш, кога не знаев дека болката ќе ме следи целиот живот, како скриена рана од која капе крв, капка по капка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Домаќинот се држеше за свои сфаќања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа промена на нејзиниот поглед и изговорувањето на оние зборови траеја кратко, сосема кратко, но остануваа со мене и кога во нејзиниот поглед и глас се враќаше љубовта; ми се вовираа таа омраза и тие зборови дури и во соништата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Околу нив летаат пердуви и си капе крв на снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)