кима (гл.) - со (предл.)

Никој не се мурти, никој не коментира, сите сложно кимаат со главите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Молам, молам“, им кима со главата примашот на гостите под огледалата и љубезно им се поклонува...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Од каде сте - прашува газдата. - Од Југославија... - О... - воздивнуваат сочувствително и кимаат со главите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Good luck - вели женичката со тежок акцент и трогнато кима со главата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа така радосно кимавме со главите кога некој странец ќе нѐ идентификуваше. Аха! Тито! Тито беше нашиот ID во странство. Југославија - Тито.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кимам со глава, се заблагодарувам и, со спуштена коса преку лице, проаѓајќи меѓу луѓето, излегувам од ходникот, а грбот ми гори од погледите на вчудовидените.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако молчи и е многу лут, ама не сака да признае, затоа што го тргнала од пред телевизор баш додека траеле квалификациите на авто-трки, па само кима со главата и ми ја подава картичката за секој фустан што таа го пробува, тоа значи „пакувај!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Татко ми ќе си зборува, јас ќе кимам со главата, потоа ќе оди да си легне по ручекот, а јас веднаш ќе го вклучам телевизорот. Многу просто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
МИХАЈЛО: Помина? СУЛТАНА: (Кима со главата. Пауза.) Уште малку. Само чудо може да нѐ спаси.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СТЕВО: Здраво Андро. (Андреја кима со главата.) Како си? (Андреја кима со главата.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И, додека Зоки го стега Мечето до своите гради, тоа кима со разнишаната глава, како да му потврдува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Во тоа и се состои дејството на дрогата, во тоа разликата да се укине.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Така е“, кажа Вестербург кимајќи со главата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)