Доста слуша натажена, дури се поразлигави малку. Се исекна неколку пати во шамивчето, што му направи голем впечаток на дедот Петка, ги забриша солзите и откако си ја кладе раката пред устата, потпрена на лактот и колената, отвори да зборува не полошо од дедовците: — Море, дејди вујко, дејди родителу.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја кладе раката на челото и погледна нагоре.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Бино ги кладе рацете одѕади и остро го погледна дрскиот колега.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И, ако ми верувате, тој ми ја кладе раката на градите и ме турна толку силно што речиси паднав под тркалата на еден автобус.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога се пренесе оваа вест во нивната кошара, Трајко ја кладе раката на слепоочницата и длабоко се замисли, па како за себе си промрмори: „Ех, ех, ние сиромаси, сиромаси!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа тој ги кладе рацете одзади и ја исправи главата да им ја покаже слободата и во неговото одење и стоење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)