Тој ги гледаше едно време, клатејќи глава, а после ги запраша со строг глас: – Што правите бре тука!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Почнувам да растам, запишувам. Се вртам, Адријан е на колена со затворени очи, испружени раце, ја клати главата како куче, гледајќи во сонцето како да ќе му даде голем подарок.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Небото, езерото, тревата, патките, разните шетачи, сѐ изгледа посветло, почисто, помагично, телата и предметите обвиткани со силна светлост по рабовите, и на некој чуден начин потонати во сопствената тишина и во пределот околу нив. Како да пловат во просторот сами за себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)