компромитира (гл.) - револуционерен (прид.)

Како што турската влада ги исползувала атентатите како повод за брутално пресметнување со сѐ што било побудно во редовите на нашиот народ, така и големите сили се послужиле со динамитните акции за да ја компромитираат Револуционерната организација и да го оправдаат пред својата јавност пасивното однесување кон жестокото задушување на македонското движење и востанието и наполното застанување на страната на крвавиот султан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грчката пропаганда, рековме, со сите сили се трудела да ја компромитира Револуционерната организација како носител на туѓи интереси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)