коси (гл.) - и (сврз.)

А ти не прашувај ме за молепствија - чумата ги коси и игумените и дијаците. Да.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според ЗШ (1991), како овластени организатори на штрајк можеа да се јават и мнозинството работници кои не се синдикално организирани, додека, пак, по ново, легитимитетот да повикуваат на штрајк го имаат само синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво т.е. сојузите (чл. 236, ЗРО/05), што се коси и со нашиот Устав 37 – бидејќи, во него, правото на штрајк и правото на синдикално организирање се постулирани во два одделни члена, односно како две 35.  Закон за штрајкот; Сл. лист на СФРЈ, 23/91. 36.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И после копаше, плевеше, косеше и правеше капици сено, уживаше леб и кромид и по секое јадење ги собираше трошките од скутот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И се струполуваат врз своите сенки во најстрашни маки: од ноздрите им капе лилава крв, очите прскаат како костени на огниште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето веќе се стркала над Чукарот, високиот гол врв од западната страна на Гогов Валог, а старецот и Бојан уште беа на ливадите. Косеа и ја превртуваа тревата да се суши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)