крева (гл.) - око (имн.)

- А, Капинка, кај ти е Капинка, прашува Лазор Ночески. - Капинка одутрина ја закопав, велам, а Ѕвездан за вечерва ми остана, велам и ги кревам очите кон кај што навалува сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седи Богдан со отворениот албум пред себе во градината, ги крева очите и гледа: се стемнува, а пладне уште не е поминато; времето се стишало, не мрда ни лист по дрвјата, не се движи ни птица, ни инсект; чудна некоја тишина, чудно исчекување како пред породување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ги крева очите во нив навистина се наместува насмеаното широко лице на Танаско со зборовите Кутар дедо Костадин, гу умреа дедовците!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги крева очите и шета со погледот низ собата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од прагот на училиштето та дури до излегување не креваше очи да погледа ни лево ни десно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Младен не ги крева очите. Само црвенее во лицето, како да се пече на жар. Молчи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не, Ѕвезда не ги крева очите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)