Пред него и по него, коњицата на султанската гарда од јаничари ја корнеше белата калдрма на Скопје и го креваше правот што овде се таложел со векови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пладнето го покрило со бледо трепетење, над кое се извишува само белиот саат; по патиштата во полето се крева прав од пазарџиите што се враќаат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На друмот се креваше прав и чад. - Леле, синко, отидовме! - пиштеше мајка му.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)