крева (гл.) - рака (имн.)

„Гори“, вика едно време, и ги крева рацете кон запад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не ја крева раката и не ги фаќа. Знае: сенки се ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа радосно крева раце, ни мавта, се смее.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По тренингот на подмладокот започнува натпреварот меѓу екипата од седмите и екипата од осмите одделенија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А сега?“ го запрашавме Љупчо. „Сега - ништо“, рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дури и Љупчо е возбуден, кога постигнува погодок. Крева раце, восхитено се смее...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И оние што навиваа за осмоодделенците се радуваа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ботичели најпосле крева раце од се и собира лажички со грбови на градовите низ кои талкал.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не знаеш дали да ги жалиш или да им завидуваш кога ќе капнат од толку поткревање на јадрите цицки на нивните модели.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бавно кревајќи рака, тој го скина пликот, и, штом ги прочита во себе првите редови, лицето му светна и тој извика: - Таксај, Бојано, таксај! - Што бре, што има?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Полека ја крева раката. Ја чувствува, но не може да ја крене сосем, нешто тежи врз неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Точно вака гласеше мудроста што ми се откачи, и тоа во миг на невнимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност бев рекол: „Кревам рака само по јаболко што и без тоа тргнало да паѓа“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ЛЕНА: (Ја крева раката и го прекинува Саздо) Дозволете сама да погодам.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Главата си ја зафрла наназад за да си ги покаже белките од очите; се ѕвери наоколу, устата ја раширила во гримаса; импулсивно ги крева рацете за да си ја измазни косата, ги пружа пред себе молепствено и самоодбранбено. или ги влече по вратот, како да се бори за здив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џоан ги крева рацете кон вратот на Тина, ѝ се вдава и вреска.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, Копола прави сјајна, преувеличена и крајно театрална изведба на конвенционалната женственост во разуздано издание – наводно рекла „ако такво нешто може да се нарече глума“.410 Со напупените, надуени, нацрвени усни (на кои во една секвенција става црвенило; види слика 24), со дебелите, темни веѓи, со кокоравите очи оцртани со црна маскара и со алиштата од шеесеттите, Копола можело да ја имитира и Марија Калас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без разлика дали Соник јут навистина ја чувствувале или не ја чувствувале болката на Џоан Крафорд, сликата за Крафорд што ја прави Копола во спотот на Марки не изгледа баш најсочувствително.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крајниот ефект на ова е хистерична претераност, токму во согласност со врисоците на Мур.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Креваа раце кон Господа кој во нивната умисла личеше на нив, само во небена големина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Немој... Пушти ме. Креваш рака на свет човек. Погледна ли над вратата кога влезе?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со очи го повикал светот на светците и ги кревал рацете кон нив, сакал да ја одбие од себе незаслужената среќа тој да го уништи чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога нешто ќе почнеш, доврши го, засипнато рекол Онисифор Мечкојад; веќе бил без омраза кон својот вујко, кон неговиот облик на замелушен гуштер, кон неговото олцкање и тресење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не очекувале, сепак видовитиот несреќник јасно проговорил, не можело да се сфати умира ли или зачекорува исправен и наеднаш повисок и од највисоките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како можеше? Како не му пукна срцето кога ја креваше раката...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мусли бег без волја ја призна вината на детето но додаде дека никој не смее да крева рака на неговите, особено не на внуците негови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога 'и видел мачорот глувците во дупките, ватило слинки да му течит и да се оближуат, како коа да беше 'и изел сите глувци, и паднал на коленици, за да прај метании и кревај рацете наугоре, чини, врти и белките од очите на небеси, ѓоа на господ му се молел; тргај броениците и викај: „Господи, помилуј!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Убаво гледам како ги крева рацете со широки просрмени ракави. ѝ се завраќаат кон лактите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Давиде Недолетниот ги крева рацете и коледар скока околу огнот. Ќе полета со чадот. 130
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од зад мене, наеднаш слушам: долу оружјето! Јас ги кревам рацете, се свртувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие ќе ги креваат опашките, а тој ќе ги крева рацете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На крајот и лекарите почнаа да креваат раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- И болеста е природна состојба, ѝ велеа, а од секоја болест не се умира.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги крева рацете Богдан, се фаќа за железните шипки од креветот и прави напори да се крене, да стане, но оние исти полипи што го тргаа во болницата, пак го тргаат надолу кон водните длабини да не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој стоеше гледајќи како инструкторката ги крева рацете над главата - не можеше да се каже грациозно, но затоа забележливо прецизно и ефикасно - и како се наведнува и ги протнува врвовите од прстите на рацете под палците на нозете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ уште го притискаа цврсто за креветот, но сега можеше да мрда по малку со колениците и можеше да ја заврти главата на едната и на другата страна и да ги крева рацете од лактовите надолу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се вѕирав преку долот и ја кревав раката таму преку, како да имаше некој присутен кому му покажувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И наеднаш водичот ја крева раката свртувајќи им го вниманието како да крева меч: „И во тој убав и безгрижен живот, некој од луѓето во крчмите свикал: Погледнете, луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најголемката сака да ги прескокнува сѐ уште нераздвижените, кога Чана ги крева рацете и со нив чиниш пак ја затвора вратата Да почекаме уште малку!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Море, пари, пари, бре голтар! (Крева рака на Костадин).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Си дошол домот да ми го запалиш!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ја кревам раката пред непостоечкиот ѕид на една од некогашните продавници во Пасажот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
ТЕОДОС: Ама... Не! (Крева раце како за молитва.) Не...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Господе, господе, што е ова, што ме најде! (Тресејќи се од гнасење долго си ја брише устата со шамивче. На Арсо.) Да одиме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Излегува учителот, ја крева раката и сака со едно удирање сите да нѐ столчи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не ја крева раката и не ги фаќа; знае - сенка се, но сака постојано да гледа во нив.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Не сосила, едепсаз, не!” ја крева раката Томор и го запира сејменот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потсетуваше на мене по многу работи, само што мене немаше кој да ме види и да ме опише затоа што се удрив во четири часот наутро, на ѕидот оставив цела црвена шлаканица и од еден сон потонав во друг, црвен, тежок, и се разбудив слично како и тој, со некои лекари околу мене и со отворена уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Замислуваше како ја крева раката за да ја реши задачата на табла и под мишката ѝ се наѕираат темните езера од пот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Постарите креваат раце и велат: - Тргнала колата наудолу - ама ние сакаме, со силна волја да ја запреме таа кола што тргнала наудолу!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
СТЕВО: Рацете горе. КЛАУС: (Ги крева рацете.) Што имате на ум, господине Андреевиќ?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Она што во срцето од љубов се зачнало вегов отров станало и трн. (Ги крева рацете. Дува ветер.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А ако некој ве напаѓа веднаш мислите дека е во право, се повлекувате и кревате раце. Зошто?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Колку пати, од страв да не ѝ направам дете на некоја, сум кревал раце. Непредвидлив е мажот во таа работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чана! Златните они! и силно ја заграбува прво Пелагија, се стопуваат во една прегратка и долго стојат така, стопени, како едно цело, а после ги крева рацете, а Чана ги вчапува и ја крева кон своето широко лице, исто така разлеано од радост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И наеднаш ми фркнува нешто, ми се крева раката. Бљад!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крева рака Силјан Лилјаков, па кревам јас, не му давам време да ме запре да зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ти се крева рака, што се вели, не ти носи душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крева рака и тој да ми врати, речиси замавнува, но само повторно си ја обришува устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Макаровски не може да издржи и крева рака, бара збор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Да здравствует Николај Контрашенко, викаме и подрипнуваме, ги креваме рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)