крева (гл.) - чаша (имн.)

Ај сега сестро, да си ми жива и здрава и да славиме многу пуримски славја”, ја кревам чашата со лимонада.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако. Затоа пак, кога некои јас ќе врзам, двојно се радувам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Немој, молим те ... (Ги креваат чашите).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Рацете потивко ги креваат чашите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како што атмосферата стануваше сѐ повесела, газдата Вајс ја креваше чашата и му наздравуваше на персоналот, но поради слепилото, раката му одеше малку понастрана од масата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нова година!... Тој пак ја крева чашата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
БОРИС: Се стори. (Си тура себеси.) Тебе Матеја не те нудам, ти си домашен, лесно е со тебе. (Ја крева чаша.) За мир во светот. За американско-советската дружба. За радост и убајна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Таа не трепнува. Здржано, одмерено ја крева чашата. Бескрвно. Студено...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)