Мануш го стискаше списокот во влажните дланки и ги криеше очите за да не го предадат. „Да“, рече и побрза кон вратата не можејќи да се совлада и самиот нешто да не каже.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
— Случајно сме се фатиле, му велам јас и си ги кријам очите од срам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние замижуваме, што се вели, си ги криеме очите в раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Не се плаши, моме мило - не ги криј очите - колку и да сум огон - ѕвездата е многу повисоко над мене - не може да ја достигнам...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Ме попари, ги криев очите пред неговиот поглед.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Господи, се прашувале, со каква молитва се издига ѕид помеѓу злото и сиромаштијата?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со разденувањето стравот се распливнувал. Луѓето ги криеле очите еден од друг и биле повеќе неми отколку решени да го признаат ноќниот пораз.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тројцата ги кријат очите еден од друг.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Непријатно ми е; ги кријам очите од него и полека го пијам своето евтино вино.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги кријат очите пред четвртиот, се срамат место него.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)