Иако патникот веќе се навикна на недоволното греење во хотелите во Полска, во собата прилично студи.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не криев дека почнав да пишувам, тоа им го кажував на моите најблиски.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- You are great piano player – Л.А. не крие дека му е пријатно.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Потоа, на столиците зад него, седнаа двајцата милиционери при што видливо се завалија спружувајќи ги нозете на двете спротивни страни како да сакаат да покажат дека тие со оваа работа немаат никаква врска и не кријат дека ќе им биде здодевно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Знаеш Младене, - чиниш почнува да води некој неврзан разговор, - кај сосетката од спротивната улица во куќата, криејќи дека таа е девојка, им се тутнала некоја распуштеница, а сите мислеле дека е чесна девојка, од чесно семејство.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Делкасе не криел дека бил „заплашен“ со интерпелација во парламентот за ерменските и македонските работи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)