„Си се зачленил?“ „Се зачленив, тато, нели ми рече дека сум жител на оваа населба и треба да придонесувам за менување на состојбите, а не само да критикувам и да се муртам.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Почнете со тоа што ќе признаете дека освен мене сте ги замолиле и турскиот Кајмакан и бугарскиот поп Велков да ве критикуваат и да ве учат како да се однесувате.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)