кружи (гл.) - низ (предл.)

Само нивните извршители, со чорапа на глава, со ножот в заби, под ознаката на тигар, мртовечка глава, црни и бели птичишта, оцила, шаховски табли, полумесечини, кружат низ територијата на јужнословенските стада и го земаат својот секојдневен данок во крв, пари и недвижнини.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Многубројни публикации, списанија, каталози, книги и фанзини кружат низ светот по каналите на поштенскиот сообраќај.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се препелкаше чудна светлина и некој топол флуид кружеше низ зачадените ѕидини.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Градот чекаше додека планетата кружеше низ вселената, следејќи ја својата орбита околу сино-белото сонце, а годишните времиња минуваа носејќи мраз, па оган, а потоа повторно мраз и пак зелени полиња и пожолтени ледини на лето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чадот што сѐ уште кружеше низ лабораторијата мирисаше непријатно, задушливо...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нарачав четири коли такси: во едната седнав јас, во другата тој, во третата го ставив весникот во кој беа објавени резултатите, во четвртата мистријата и фанглата со кои работев, и им наредив на таксистите да возат, да кружат низ градот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Три недели се служеа со room service и за тоа време таа престана да повраќа.После тоа возеа низ Невада уште некое време додека комбето пак не се расипа на другата страна на државата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 163
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон непрестано зборуваше за комплетот тапани и тврдеше дека тие всушност се негови, па ги продадоа во Рино и живееја на четирисеттиот кат во еден стар хотел со поглед на планините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Понатаму мораа да кружат низ Калифонија кога стомакот веќе ѝ се познаваше и сѐ што им беше останало беа нивните црни кожени јакни и накитот од сребро и тиркиз којшто некако го стекнаа во Галуп или Флагстаф.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)