Кај нас сега, кога некој бој или некоја грл ќе стане гроун ап, порастена, си купува куќа покриена со цемент турен флет, рамни си чека таму на таа грл да ѝ долета некој бој или на бојот некоја грл.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во Ново Маало купи куќа, во која често одевме на визита и во која после живееше син му, бате Иле со фамилијата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Со мангариве, ќе купам куќа и ќе ве пуштам да спиете сите во неа, дуваше Пенчо во стаклото.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во 1927 година татко ми купил куќа и земја од некои Турци (Торбеши) кои масовно се селеле во Турција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)