Кога ќе излезат од подземната шетачка миса сите гризаат јаболка – да си ги отсолат здивот и душата, а потем во долината купуваат шарени китки, од оние за извоз, - да си ја вратат миризбата на простосмртната живеачка.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)