лае (гл.) - куче (имн.)

Зад Ново Село лаеја кучиња. Долу, во полето среде во пченките, светеше фенер. Некој селанец си ја поливаше пченката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И кога дојдоа кај колибата ги лаеја кучињата, и сега, симнувајќи се тргнаа по нив и лаеја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Далеку, во некое село, лаат кучиња. Нивната лутина ги дразни ловците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само, зошто ли лаат кучињата и зошто го нема тато?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но пукотницата беше престанала. Веќе никој не го довикуваше неговото име.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во одеднаш разбудената ноќ околу него тропотеа чекори, лаеја кучиња, пискаа женски гласови, пцуеја мажи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога наближија и терачите каде што лаеја кучињата и почнаа поначесто да пукаат и да викаат, мечката го напушти леглото и зафати да се пробива низ честакот кршејќи гранчиња при трчањето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)