Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ползеше и по нивјето додека мајка му работеше, гризеше тревки и растенија, гризеше земја и варовник, лижеше по камењата како овца по сол, обезбедувајќи си недостаток на калциум; го запознаваше животот околу себе фаќајќи и играјќи си со бубалки, црвчиња и секакви гадурии што му лазеа по рацете и нозете.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)