мажи (гл.) - за (предл.)

Затоа што и Билјана додека го белела платното, а Ајше со пирајка ги млатела чергите на река (биле доволно стари и мажени за Климе и Реџеп) со белото месо на натколеницата која била намокрена, на случајниот минувач му била копнеж со години... и сликата на испуканата земја покрај босите нозе никогаш не му исчезнала од главата, а со неа и прашањето: „Кој бил најжеден - земјата исушена, жената распукана како лубеница со раскрачени бутови, или... тој?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вчера само за инат ти велела дека не те сака и дека ќе се мажи за Бузо, зашто ти си се правел важен, не си ѝ обраќал внимание.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како не! Имам ќерка во Скопје, мажена за железничар.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Е, тоа е судбина на жена мажена за војник. - Се насмеа Јана, тешејќи ја Снеже.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога порасна и дојде време да се жени, ниедна девојка не сакаше да се мажи за него. А и тој не сакаше да се жени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
29. МОМА ШТО ПИЗМИ ОРО СЕ МАЖИ ЗА СВИРАЧ - кој би рекол од инает тоа така бива - која може од многуте сал еден, да бира, а да не се колеба сѐ додека е жива...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Немаше никаква информација за Томаица. Не го сретнуваше ни брат ѝ Тодор, а и да го сретнеше, се плашеше да праша за неа, што се случува со неа, како е, дали сепак ќе мора да се мажи за конзулот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ганка се мажеше за човек со занает и - со дуќан, за кројачот Арсо, толку невозможно ситен што мене ми изгледаше дека е дете циркуски маскирано во човече.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)