не се трае за јадење, некои и по три пати во денот го менуваат името и ги тепаат децата за да плачат: кога плачат не им бараат јадење, забораваат дека им се јаде, ако продолжи оваа сиромаштија, велат луѓето, не ќе ги познаваме и парите, ќе заборавиме која колку е и од колку е,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Што е ова, рекле, не се менува име како капа или кошула.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но, да го знаев тогаш она што го знам сега – односно, дека самиот наслов на предметот ќе го чини Универзитетот на Мичиген речиси онолку време и напор да го брани колку што му требаше за да си ја одбрани доследната примена на позитивната дискриминација во своите приемни политики – сигурно ќе го наречев некако поинаку.
Меѓутоа, откако почна контроверзијата, веќе беше предоцна да му се менува името на предметот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Гледам како во некое училиште го менуваат името Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет кој ја има напишано најсилната и најубавата воена поема во хрватската книжевност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие мрсници се способни на сѐ. Тие, како што може да се види од твојот случај ви ги менуваат имињата за доказ дека вие божем сте Бугари...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но, во својата долга историја, градот го менувал името и се викал: Филипол, Флавија, Тримонциум, Метропол, Неокор и на крајот го добил своето денешно име - Пловдив.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во постојан дослух со еротиката
на творењето жив, а смртен свет
- се претворам во книга на промените
го менувам името, ги трампам симболите
и приказбите, луѓето ги давам
кастингот го алтерирам
но улогите остануваат!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)