Ибн Тајко отседна во Капан-анот и двапати во денот доаѓаше во сарајот да ѝ ги менува облозите на попарената Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Миличок, учи да се штедиш – ми вели Хорацио, додека ми го менува облогот – Енергијата ќе ти притреба за да засакаш кога сите меѓусебно ќе се мразат и убиваат, за да се насмевнеш кога сите ќе се муртат.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)