Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Оној огромен Ристан, истеран, отфрлен, се меткаше по градилиштето, готов да се расплаче на секој збор, со оние свои огромни раце, што не можеа да бидат скриени никаде, толку голем, а толку ненужен, а лавот на црвеното сонце сега веќе крвавеше низ устата со некаква болна пена, врескајќи и превиткувајќи се, устрелен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со бес во утробата што му се крева до повраќање, и со метеж во мозокот што не знае каде му е главата, Баге се метка по улиците на градот како билјардска топка под последен удар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Толпа луѓе се меткаа по плажата, гледаа во морето, немоќно кршејќи ги прстите, додека други ги вртеа грбовите кон морето за да не го видат неизбежниот крај на давеникот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Причинуење Кој ли повте да ми дојде, кој ми зеде сладок сон, кој ми таму очи лаже, кој се метка по тој мрак?
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)