Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сè повеќе има мешовити фирми Диџеите во дискотеките миксаат плочи Во увото се мешаат звуци од кафулињата Во клубот девојки мешаат на шипка Сонот го меша возможното со чудесното Детето ги помешува левата и десната патика Бетонската мешалка му ја прегазува топката (Градежните фирми уриваат домови!)
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)