Ги заборавивме празниците спроти кој се миевме глава, со лизарчиња сапун. Кога си потуравме вода еден со друг и еден на друг. На смена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Татко ти можеби поубаво ти ја мие главата- му реков јас како некој недоветен.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Гледаме што се прави околу: едни мијат глави, други перат кошули.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мајка ми, додека еден по еден нè фаќаше и нè ставаше меѓу нозе за да ни ги мие главите, верувам, се чуствуваше како да кубе живи кокошки.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)