А зошто би се бричел кога немаше одамна кој да го милува и бакнува тоа мазно лице.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ми го исправа лицето, ми го милува и само шепоти: Мојата малечка затвореничка, мојата малечка затвореничка, милаче мое, милуваче мое! Така некако...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Над училишната врата се вееше знамето, издупено од куршуми и влеваше леснина и радост во душата: слободата довтасала веќе, па еве ја, еве ја овде меѓу нас, нѐ гушка, нѐ милува и го брани ова делче од просторот слободно да дише ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)