минува (гл.) - покрај (предл.)

Дали е точно, на пример, дека сте морале да им се обраќате со „Сер“ и да ја симнувате шапката кога минувате покрај нив?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека минуваше покрај телекранот, на О'Брајан како да му падна нешто на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сте морале да ги симнувате шапките кога сте минувале покрај нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Загатката беше решена дури другото утро кога, минувајќи покрај истата ограда, погледнав преку неа во дворот и забележав мали куќички, за маалските, „безспризорни“ мачки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но тука, барем од моја страна, имаше и нешто извештачено, во изнасолениот грч на насмевката, кој, иако се трудев, не можев да го трпам од своето лице.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Минува покрај радарот без проблем (нема ништо метално, ниту ситна паричка во џебовите).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Патот од центарот на Лерин до периферијата, каде што живеат нашите роднини, тогаш минуваше покрај една трафика со разно-разни дребулии.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Смешно фрлајќи ги нозете во скинати калоши натака-навака минуваше покрај дуќаните и на свој начин тргуваше покажувајќи ги гипсените фигури: - Народе, една златна помпадур - две чашки ракија, Толстој, гроф и писател, и неговото величество Александар Први - три чашки...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На ѕидот од театарот некој со јаглен имаше испишано еден стих од Пиндар: „Човекот е сон на една сенка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога минувавме покрај Карлтеатарот, видовме дека на големиот плакат поставен пред него беа најавени изведбите на неколку антички трагедии.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Возрасните минуваа покрај далдисаните дечиња, попустливо забавувајќи се со детското чепатење, завидувајќи им на таа енергија, тивко посакувајќи и самите да им се придружат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)