Минувајќи преку овој мост човек не чувствува дека се префрлува од една во дуга држава, ако на тоа не го потсетат различните униформи на царинарниците од едната и од другата земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Утредента низ Латинскиот кварт, минувајќи преку мостот Мишел, близу Сена, во чија перспектива на двата брега се гледаа отворените кутии на букинистите, минуваше едно жолто камионче во кое беа книгите на Климент Камилски, а зад нив се движеше колата на Сотир Паскали со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еве го твојот поглед со кој сонцето им се обраќа на плодовите Две брези имаш и некоја црна месечина меѓу нив изгрева Си ги прибрала сите светулки во твоите ливади да пасат Црна сенка минува преку твоето срце...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Другата литографија ми се допадна и ме привлече; дете и момиче се држат за рака и минуваат преку дрвено мовче искривено над бел и брз поток.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Земи го и Дмитар-Пејко. - Не ќе можам. Еден човек со четири коли - тешко е.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го болеле очите или плачел. Со сите прсти минувал преку влажните клепки и му се чинело дека никогаш во својот живот не изговорил повеќе зборови отколку тогаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сме се прашале ли зошто катаден се смалуваат луѓето што минуваат преку мостовите?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Имав впечаток дека сите овие размисли потсетуваа на оние визуелни феномени што се јавуваат при присуството на мали забрзани облаци, кои, минувајќи преку сонцето, го менуваат сјајот на денот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Селото се наоѓа на ридот до самата утока на Жепа во Дрина, а единствениот пат за Вишеград минува преку Жепа, педесетина чекори над утоката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)