„Нека ми прости дедо, ама морам“ - мислеше додека го изнесуваше снопот пред колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Супер, супер, супер, мислите додека се играте превртувајќи се на грб и погледнувате некаде во далечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Господи, колку убав ден се осамна, ами не можеше вчера така да нѐ причека? си мисли додека си го шмрка чајот без леб и додека со благ поглед го опфаќа брлогот дробнежот на баба Петра и некоја невидлива сила ја исполнува, ја раширува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Леле, колку е здодевна, ништо не разбира оваа моја мајка, - си мислев додека ги врзував врвките од патиките.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Што е здодевен со тоа негово капење, - си мислев додека се соблекував. - Постојано тормози. Што ми фали?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)