Од преголема желба да дознаам што се случило таа ноќ, веќе со ниет еден ден дури и да пишувам за семејната судбина, често инсистирав и прашував за да го дознаам и тоа што можеби и не можело објективно да се знае за патувањето, кое речиси паднало во заборав, па браќата велеа дека претерувам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во поглед на работната атмосфера во оваа установа, за период кога беше директор – Зефиќ оправдано смета дека не може објективно да ја анализира ситуацијата од перспектива на останатите вработени, бидејќи таа ним им беше „надредена“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мајка ми би зборувала на оваа тема „сто и една година” кога би ѝ дозволила, но одбегнува, зашто ја имам предупредено дека мразам да го употребува тој збор – пубертет, исто така мразам и описно да го употребува – „периодот во кој сум” и, воопшто, нема нешто што може толку да ме збесне и онерасположи како разговорите на таа тема.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ваквата систематизација, во 2008-та, ја врши тогаш новоназначената директорка (С.Гавриловиќ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога ќе помине овој период, дури тогаш ќе можеш објективно да согледаш каква си, која си, што можеш и колку можеш.”
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)