Ако не може поинаку да биде, а гледаме дека не може, не можеме да го пречкртаме Хаџи Ташку да не ни биде свештеник, вели Никола Јанчески, да го потпишеме писмото и да се здоговориме како ќе одиме и кога ќе одиме во Прилеп, - в петок одвечер или в сабота зараното?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не можев поинаку!“ додаде речиси налутено и кревајќи ја главата за да погледне во Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Знаеше дека ги изгладнува и двете, но не можеше поинаку; дури, чувствуваше дека има право да го прави тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зборот има неисцрпни значења и ретко кој би можел лесно да го искорени од балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пред да предложи да запрат со работата за тој ден, Камилски веднаш продолжи: Не можеше поинаку со инаетот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Хермоген: Како би можеле поинаку, Сократе? (Платон: „Кратил“) Натажената париска есенска влажност, со капки дожд, кои и кога не врне, се посеани на прозорецот; на симсот – секогаш неколку мокри, валкани гулаби треперат од студ, а над нив, стуткани, надлетуваат големата мајка, мразната птица од Сена, носејќи им во клунот парчиња магла, рѓосани цефки од речните лаѓи, гнојни шансони на умирачкиот гамен...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во тој миг не можев поинаку да помислам.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ако не се може поинаку, вели, ако е преголема ихтиза, човекот ќе бара некого од спротивниот табор со кого има горе-долу муабет, и ќе го моли тој да оди во дуќанот да му купи, но овој самиот никако не оди.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се фати до него не пуштајќи ја Јага, која го влечеше попот а тој пак најде девојки, сестрите на Геле, има мавна со рака, ги повика - и наеднаш се развиори врескав и трепетлив и шарен ред луѓе и жени, веќе не се можеше поинаку: дури и најстарите почувствуваа дека им потскокува срцето во обрачите на ребрата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не веруваше многу во тоа, знаеше дека тие и не можат поинаку да размислуваат, но му беше доста што го имаше барем привидно тоа, а потаму сè си остануваше да си биде нивна работа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А Марко му рече: „ Не можев поинаку ... Нешто ме давеше во градиве.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се сакавме, но не сите. А можеби и не можеше поинаку.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
(Кон Неда.) Госпоѓо Христова, јас не Ве задолжувам да молчите за ова што го видовте. Јас не можев поинаку.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Како да не можеше поинаку.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Таа не можеше поинаку.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
-219/10; а пред Врховниот суд на РМ е: Рев.бр. 643/2010. 2. Со ЗРО (2005), за прв пат се воведе можноста за склучување на посебен вид, привилегиран договор за вработување деловни лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Па така, ако договор за вработување склучуваат деловните лица [менаџери], во договорот страните можат поинаку да ги уредат правата, обврските и одговорностите од работниот однос особено за: 1) условите и ограничувањата на работниот однос на определено време; 2) работното време; 3) обезбедувањето на дневен и годишен одмор; 4) плаќањето на работата и 5) престанувањето на важноста 95 на договорот за вработување (чл. 54, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Знаеш, ми личи на некој чуден предзнак?“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Не сакам да мислам на неа но не можам поинаку.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Не, не знам,“ реков. „Ова беше само коинциденција.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)