Не можев ни тогаш да се скријам, вели, а не можам ни сега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама што ќе правиш: ти ги фатил камен нозете и не можеш ни угоре, ни удолу.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А ,жената без машка рака, не може ни од дожд, ни од сонце да се брани", велеше мајка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе се одземе човекот и во раце и во нозе и не може ни да се закопча, ни да се почеша, ни од муви да се одбрани.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)