Мита навалува глава на Циљкиното рамо и се загледува во разиграниот пламен и искрите што прскаат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ти ја навалува главата, ти ги трга клепките надолу, ти ги затвора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Навалува глава врз кундакот и, нишајќи се, полека затвора очи и во неа се раѓа желба не да дремне, ами да заспие со вечен сон, да се изнаспие не само за оваа ноќ, ами за сите ноќи поминати во долгите војнички маршеви под снег и дожд, во магла и во жега и во долгите бдеења на исчекување да почне бојот и за сите долги неспиени ноќи по бојовите; да се изнаспие и за себе и за сите кои мечтаат да спијат, заборавајќи го лебот и не мислејќи на вода...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)