Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Хахаха! — се насмеа самодоволен онбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И кога сите овие работи ги растури онбашијата на тревата, и само со очи му ги покажа на Бојка, овој ги наведе очите и проговори: — Е, море, тоа е сега. — Но пак почна да се брани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа, кога Доста го испушти зборот „се жени", „се оджени", тој се засркна со кафето, си го изгоре јазикот, ја мени бојата на лицето и ги наведе очите пред себе во пепелта, се увили и се навреди.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кате ги наведе очите, бидејќи Адем така го учеше и му забрануваше да им гледа на гостите во суратите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И ако се погледнеа, ќе се насмееја обајцата и ќе ги наведеа очите и главите и ќе чекаа или Стојан или Доста да проговорат нешто та да се исправат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)