Инаку, остатокот од денот, по завршувањето на часовите, без да навратам во одајчето, го поминував на клупите во градскиот парк.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Боге се мислеше дали да наврати во првото гратче за по еден варен ѓеврек или да стисне заби за топол бурек во првиот град, кога Кате проговори: - Одвај чекам да си дојдам дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Патот неусетно ме водеше кон пристапите на „Пигал“, на „Анверс“, но, бидејќи уште беше дење, решив овде да навратам во вечерните часови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со секој нов што ќе навратеше во библиотеката, се здобиваше со ново искуство. Стануваше посигурна.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Затоа навраќа во првата куќа и уште во дворот ја замолува жената да му ја среди рибата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Идниот ден Толе наврати во селцето Лопатица и вечерта ги собра селаните да им понаговори да се вооружуваат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Прво навратија во неколку барови. Во едниот барменот на Елефтерија ѝ беше стар пријател.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)